Skip to main content

Денес Власите празнуваа

Влашкиот јазик е многу убав и звучен, но за жал сеуште нема своја примена во образовниот процес,  забележуваат претставниците на влашките здруженија од Охрид и Струга.

 |  Николоска Биљана  | 
vlasi
власи

Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год.

trca„И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна влашка мала, тие цркви велам се влашки бидејќи ги изградиле власите“-вели Трца.

За тоа каква е улогата на Власите денес, кажа Вангел Дуноски, претседател на Здружението за култура „ПУНТЕ“, Струга. Во Струга националниот ден на Власите се одбележувал на повеќе начини.

„На овој ден Здруженијата на НВО биле иницијатори на организирање на средби, сме организирале експозиции каде преку етнолошки, етнографски елементи можело да се види како власите од регионот на Струга и Струшко и пошироко ја негуваат културата и традицијата на Власите“-рече Дуноски.

vlasi strugaВлашкиот јазик е сличен на италијанскиот, многу е звучен и убав. Но за жал неговата примена е слаба и ретко кој знае да пишува на влашки, велат власите. Во Охрид со последниот попис има 252 Власи, но според Трца тоа е број на фамилии. Трца смета дека  бројките не се реални пред се поради денешните мешани бракови, кои порано не биле карактеристични. Дуноски пак, потенцира дека со последниот попис, во Струга има околу 1000 Власи, но нивната статистика зборува дека тој број достигнува дури 4000.
Инаку одбележувањето на 23 ти мај Националниот ден на Власите, на државно ниво веќе се одржа во Хотелот Александар Палас во Скопје, каде што беше промовиран Влашкиот буквар, наменет за полесна употреба на влашкиот јазик. Исто така во рамките на одбележувањето се одржа и традиционалниот фестивал „Фонтана ди Малама“, каде се отпеаа вкупно 24 новокомпонирани фолк и поп влашки песни.

{loadposition content9}