Денес во 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.
– Ќе ја пееме „Вечниот Бог“ и ќе изработуваме ѕвезди. Најмили охриѓани ве очекуваме, порачуваат организаторите.
Во меѓувреме продолжуваат пробите за Бадниковата поворка 2025 во Охрид.
Годинава се очекува околу 2000 деца на 6-ти јануари низ охридските улици да ја пеат песната „Вечниот Бог“, носејќи ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.