Skip to main content

Денес во Охрид сончево време со температура до 26 степени

Времето денеска во Охрид сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северен правец.

 |   | 

Времето денеска во Охрид сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северен правец.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

Денес и утре ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со услови за ретки грмежи ќе има во понеделник – информираат од УХМР.