Skip to main content

ухмр

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност

УВ индексот ќе има вредност 6, а температурите во Охрид ќе се движат од 15 до 28 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе има вредност 6, а температурите во Охрид ќе се движат од 15 до 28 степени Целзиусови.

Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со силен ветер и град, информираат од УХМР.