Променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Температурите во Охрид во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.
Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа).
До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.