Сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 16 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.
Следува период на претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде во попладневните часови ќе има ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат без значителни промени.