Skip to main content

Светски ден на спомениците и локалитетите

Денеска бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Слободен ќе биде влезот во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство во државава со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава, информираат од Министерството за култура.
 |  инфодеск  | 
Робевци

По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и локалитетите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информира дека влезот за сите посетители денес ќе биде бесплатен на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони.

Слободен ќе биде влезот во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство во државава со цел граѓаните да имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава, информираат од Министерството за култура.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба, се вели во соопштението од Министерството за култура.