Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).
На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.
-Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, велат организаторите на Конференцијата.