Skip to main content

Денеска извлекување на наградите од акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” на Црвен Крст Охрид

Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле. Извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо.
 |  инфодеск  | 

Извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” ќе се изврши денес, четврток, 17.10.2024 година во 18:00 ч.

Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=share
Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=share
Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.
Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” беа собрани 46.182 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.

Од Црвен Крст Охрид се заблагодаруваат на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција.