Skip to main content

МЖСПП

Денеска во Охрид Јавна расправа за Нацрт законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиуми центри на биолошка разновидност во европски и светски рамки, Охридско Езеро се прогласува за заштитено подрачје од III категорија – Споменик на природа.
 |  инфодеск  |  ,
Охридско Езеро

Јавна расправа во однос на Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе се спроведе денеска (14.09.2023 година), со почеток во 10:00 часот, во Салата за состаноци во општина Охрид,
Утре (15.09.2023 година), јавна расправа за нацрт законот ќе се спероведе и во Струга, со почеток во 10:00 часот, во Салата за состаноци во општина Струга.
Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата е достапен на следниот ТУКА.

Заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиуми центри на биолошка разновидност во европски и светски рамки, Охридско Езеро се прогласува за заштитено подрачје од III категорија – Споменик на природа.

Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија споменик на природата се заснова врз Студијата за валоризација на природните вредности изготвена во рамки на ГЕФ/УНЕП Проектот: „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирање на користење на земјиштето“ (STAR 5), во соработка на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) во Виена и Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN), Канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) со седиште во Белград, а во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„При изработката се користени најдобри пракси од страна на IUCN, како најеминентна и меѓународно призната организација за заштита на природата во светот, која посветено работи на заштита и зачувување на природата во период од неколку децении и е советодавно тело на УНЕСКО за делот на природно наследство.“ – велат од МИнистерството за животна средина и просторно планирање.

Заради исклучителната важност од тесна и координирана соработка на локалните самоуправи на чие подрачје се наоѓа заштитеното подрачје Охридско Езеро, на 22.09.2021 година од страна на градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца беше потпишана заедничка изјава за поддршка на повторното прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата. Во изјавата сите три општини подеднакво се обврзуваат да ја поддржат заштитата на Езерото, проактивно да учествуваат во структурата за управување со заштитеното подрачје и да се придржуваат и да ги спроведуваат прописите и приоритетите кои се однесуваат на заштитата на Езерото, а се наведени во Студијата за валоризација на споменик на природата – Охридското Езеро.