Времето во Македонија сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 7 степени, a максималната дневна ќе се искачи до 18-тиот степен.