УХМР
Денеска во Охрид сончево со умерена облачност
За време на викендот се очекува пораст на температурата.
Денеска во Охрид времето ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. UV=8.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.
Во следните денови во Македонија ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата.


