Skip to main content

УХМР

Денеска во Охрид умерено облачно со температура до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за дожд.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за дожд. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени целзиусови.

ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.