Здружението на дијабетичари од Охрид денеска ќе одржи предавање на тема ,,Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет.
Предавањето ќе го реализира Др. Даниела Мисоска Пендова и истото е наменето за лицата со дијабет 1 и 2, но и за сите заинтересирани за бубрежните заболувања.
Предавањето ќе се одржи со почеток во 17.30 часот, во салата во Општина Охрид и е дел од годишната програма на Здружението на дијабетичари.