Skip to main content

Денеска предавање на тема ,,Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет“

Предавањето ќе се одржи со почеток во 17.30 часот, во салата во Општина Охрид и е дел од годишната програма на Здружението на дијабетичари.
 |  инфодеск  | 
brown kidney decor

Здружението на дијабетичари од Охрид денеска ќе одржи предавање на тема ,,Бубрежни заболувања кај лицата со дијабет.

Предавањето ќе го реализира Др. Даниела Мисоска Пендова и истото е наменето за лицата со дијабет 1 и 2, но и за сите заинтересирани за бубрежните заболувања.

Предавањето ќе се одржи со почеток во 17.30 часот, во салата во Општина Охрид и е дел од годишната програма на Здружението на дијабетичари.