Денеска со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.
Здравко Тупаре е познат како хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.
Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.