Skip to main content

Празници

Денеска се слават Спасовден и Св.маченик Талалеј

Православните верници денес ги одбележуваат празниците Вознесение Христово, Спасовден и празникот посветен на Св.маченик Талалеј.
 |  Голабовски Крсте  | 
Спасовден

Православните верници денес ги одбележуваат празниците Вознесение Христово, Спасовден и празникот посветен на Св.маченик Талалеј.

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината.

Спасовден

Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата.

Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

Талалеј

Исто така според Јулијанскиот календар денеска е 20-ти мај, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. маченик Талалеј.

Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. По професија бил лекар.Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.