Skip to main content

УХМР

И денеска сончево и топло, од четврток пад на дневната температура

Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Високa вредност на UV индексот 10.

Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.

Во среда во Македонија ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури. Во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.