Skip to main content

УХМР

Денеска времето променливо облачно и релативно топло

Денешните температури ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од УХМР информираат дека во недела на повеќе места ќе има вренежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Денешните температури ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.