Skip to main content

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право.

 |  Валентина Неловска  | 
seme
seme

 Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела. knigi

 За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН. Добитник е на бројни награди, а неговите дела се преведени на многу светски јазици. Ташко Георгиески со своето книжевно перо создаде бројни романи и раскази како што се делата Црно Семе, Црвениот коњ, Жолта ружа, Суви ветрови, Луѓе и волци, истакна Белевска.

 23 април како Светски ден на книгата и авторското право се одбележува од 1995 година на иницијатива на Унеско. Од 1997 година овој ден се одбележува и во нашата земја.


{loadposition content9}