Skip to main content

Празници

Денот на Охридското езеро

Одбележување со пригодна програма во која учествуваат трите општини и организации во соработка со Комисијата за одбележување празници.
 |  инфодеск  | 
Езеро

Во организација на Едриличарската федерација на Република Македонија, а со поддршка на Општина Охрид, подготвена е пригодна програма по повод Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни.

Од општината информираат дека програмата е поделена во два дела и тоа 20 јуни, понеделник и 21 јуни вторник.

20.06.2022 година (понеделник)

12.00 часот

Панел- дискусија„Запознај го едрењето – заштити го езерото “ – Проект на Едриличарска федерација на Македонија, поддржан од Европската Унија

Општина Охрид – мала сала

Панелисти:

  • Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид,
  • Преставник на ЕУ мисијата во Република Македонија
  • Будимир Соколовиќ – претседател на Едриличарската федерација на Република Македонија;
  • Даниел Богнер –експерт за заштитени подрачја;
  • Претставник од Хидробиолошки завод – Охрид;
  • Горан Устијаноски – капетан на Капетанија на пристаништата на Република Македонија;

21.06.2022 година (вторник)

10.00 часот

  • Флотила на Денот на Охридско Езерото

Градско пристаниште

19.00 часот

  • Солистички концерт на еминентниот пијанист Александар Јаковлев;

Црква Света Софија