Денот на шегата и смеата одбележан во охридските градинки и основни училишта
Денот на шегата и смеата одбележан во охридските градинки и основни училишта.
Охридските деца од градинките и основните училишта го одбележаа Денот на шегата. Со весели костими и маски се радуваа на 1 Април. Во дворот на ОУ Климент Охридски беше весело. На денот на шегата воразубавувањето на маските по втор пат се вклучува Лајнос клубот Десарети. Овој пат во акцијатa им се приклучи и средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“. Вештите раце на учениците од козметичката насока од ова училиште со нивните професорки и козметичкото студио Изида го разубавија маскенбалот со цртање на лицата на учениците.
„ 40 ученици практиканти од ЕМУЦ од нашето студио лани со моите вработени го организиравме маскенбалот но помала група имавме нацртано. Годинава решивме да ги вклучиме и другите. Некој ќе се пронајде за цртање во некои вакви слични весели настани. Сакавме по масовно, а времето се наклони на наша страна“,кажа Наумоска.
Директорот на ОУ Св Климент Охридски , Јордан Пуроски, вели дека во маскенбалот се вклучени сите ученици од понсиките одделнија и трите специјални паралеки за учениците со посебни потреби. Директорт ветува дека продолжат со оваа традиција на маскирање за Денот на шегата.
„ Оваа година учениците се маскираа со помош на практикантите од козметичката насока и студиото Изида. На лицата им цртаа мотиви според нивна желба. Според реакцијата на учениците и насмевнатите лица ни кажуваат да продолжиме “, вели директорот.
На градскиот плоштад се одржа дефиле на маски и од децата од сите градинки на Јасна Ристеска. Детските лица беа радосни со веселите костими.
„ Овој ден е празник за градинката. Кај децат на овој ден изелгува цела нивна креативност , фантазија тие се јунаците од нивните цртани филмови , сказни иприказни и денес се она што сакаат да бидат во нивниот живот“, вели Костеска.
На градскиот плоштад беа присутни повеќе од 350 деца од градинките на Јасна Ристеска. Покрај најмалдите охриѓанчиња на плоштадот своите весели маски ги покажаа и останатите деца од охридските основние училишта.
{loadposition content9}