Skip to main content

„Денови на македонска фотографија“ во Охрид

По пауза од пет години во Охрид ќе се одржи изложбата „Денови на македонска фотографија“, која ќе биде во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

 |   | 

Во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и „Фото сојуз на Македонија“, во сабота, по пауза од пет години повторно во Охрид изложба – „Денови на македонска фотографија“.
„Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, која претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Република Македонија. Оваа година, по пет години повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде во сабота, на 29-ти мај, во Изложбениот салон при НУ центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:30 часот. Изложбата ќе трае до 10-ти јуни 2021 година, порачуваат организаторите.

Додаваат дека изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.