Од 14 до 16 ноември во Охрид Мол ќе се одржи тридневната манифестација „Денови на медот – Златото на природата“.
Во петок, 14 ноември, со почеток во 18:00 манифестацијата свечено ќе биде отворена, а веднаш потоа од 18:30 до 20:00 часот посетителите ќе можат да уживаат во Пчеларски вечерен саем – дегустации и продажба, како и гастро презентации и музичка програма.
Вториот ден од настанот ќе започне во 12:00 часот со Научен форум на тема „Медот како лек“, a во 12:30 часот ќе следи „Меден дијалог“ посветен на младите и пчеларството. Во периодот од 13:00 до 14:00 часот најмладите ќе имаат можност да учествуваат во детската работилница „Пчелина авантура – Медена мисија“. Вечерта, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи „Вечер на медот и музиката“, на која ќе настапат охридски музичари.
Во недела, 16 ноември, со почеток во 13 часот посетителите ќе можат да уживаат на промоција на книгата „Пчеличката Баз “ од Билјана Лотеска, како и во детската театарска претстава „Пчеличката Мила и мечето Леон“.