Skip to main content

УХМР

Деновиве облачно и врнежливо, од понеделник стабилизирање и пораст на дневната температура

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.