Skip to main content

Отпадот да се фрла на соодветно место

Депонии во Љубаништа

Апел до мештаните и посетителите на селото Љубаништа, отпадот да го фрлаат на соодветно место во поставените 5 контејнери.
 |  инфодеск  | 
Мини депонија Љубаништа

Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии.

Љубаништа

Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена, а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот – информираат од Локалната Самоуправа на Општина Охрид.

Контејнери Љубаништа

Од фотографиите на надлежните инспектори може да се констатира човечката некултура, празни контејнери и направени мини депонии околу нив од месното население и гостите во селото Љубаништа.

Мини депонија Љубаништа