Skip to main content

20 кубни метри отпад подигнати од дива депонија на ул. „Јордан Мијалков“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистија нова дива депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид, при што беа подигнати околу 20 кубни метри кабаст отпад.
 |  инфодеск  | 

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека е мапирана и расчистена дива депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид.

При акцијата биле отстранети околу 20 кубни метри несоодветно депониран кабаст отпад, кој бил расфрлан покрај патот на оваа фреквентна локација.

Од јавното претпријатие посочуваат дека големите количини отпад создаваат слика на негрижа кон животната средина и го нарушуваат јавниот простор кој е заедничка одговорност на сите граѓани.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ апелираат отпадот да се одлага на соодветни места и да не се создаваат нови диви депонии.