Skip to main content

„Дервишот и смртта“ го обедини Балканот

Преставата „Дервишот и смртта“ од турскиот театар  ќе се изведува како балакански проект.

 |  Валентина Нелоска  | 
pres
прес

Преставата „Дервишот и смртта“ од турскиот театар  ќе се изведува како балакански проект.

Dervishot i smrttaТеатарот од Коџаели, Турција вечерва гостува со преставата „Дервишот и смртта“, која е производ на Балканска соработка вели режисерот Нурула Тунџер.
Романот на Меша Селимовиќ, за прв пат е адпатиран за театарска престава. Во создавање на преставата работеле на адаптација на текстот Небојша Брадич од Србија, преводот од српски, турски и  македонски е на Билге Емин од Македонија, а режијата е на  Нурула Тунџер. Кореогрфијата е доверена на Ѓерги Преваза од Албанија.

Театарскиот селектор на Фестивалот Охридско лето, Ѓорѓи Јолески истакна дека се задоволни што придонеле уметниците кои учесвувале на фестивалот во различни проекти, од средбата во Охрид да се реализираат  нови тетарски престави како вечерашаната.

Театарската престава Дервишот и смртта досега била изведувана на сцените во Турција, во Бих, во Србија  и  Албанија.

Вечерашната престава, на сцената на Центарот за култура, Григор Прличев,  посетителите ќе може да ја проследат со македонски превод.

{loadposition content9}