Skip to main content

In Memoriam

Десет години без Пепе

Десет години од прераната смрт на Петар Алексоски (07.08.1971 -11.03.2013), техничкиот директор на ТелевизијА ТВМ.
 |  инфодеск  | 
Петар Алексоски

На 11-ти март во 2013 -та година колективот на Телевизија ТВМ го загуби својот драгоцен колега и пријател Петар Алексоски. Петар почина ненадејно и прерано во својата 42 година.

Петар беше еден од неколкумината ентузијасти кои работеа во ТВМ од самиот почеток. Во текот на две децении колку што траеше неговиот работен век во медиумот тој го вгради својот интелект, креативност и душа во се она што го работеше. Петар беше беспрекорен во својата работа, професионален и одговорен. Беше омилен во тимот. Секогаш ведар, насмеан, духовит и подготвен да сослуша и да помогне.

Петар беше голем познавач и љубител на музиката. Во средината на 90-тите години работеше и како DJ во охридски радио станици.

Петар Алескоски живее во сеќавањето на неговите колеги, телевизијата во која остави изработени илјадници часови документарна и забавна програма, целокупната медиумска заедница во Охрид.
Почивај во мир Пепе ! Ништо не ја надополни празнината по тебе.