Skip to main content

Кој ќе гради на локацијата кај поранешната Детска болница

Објавен втор оглас за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница. Градоначалникот тврди дека има заинтересирани повеќе компании од различни земји од светов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
детска болница
detska bolnica

Компании од Катар, Украина, Азербејџан, Англија пројавиле интерес за изградба на објекти за развој на здравствен туризам на локацијата кај поранешната Детска болница, тврди градоначалникот Никола Бакрачески. Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии по неуспешниот прв  оглас заизградба на хотелски капацитети на овој потег, го објави вториот.


Првиот оглас кој заврши пред месец и половина не се пријавија кандидати. Поради тоа беше извршена корекција на условите што ги имаше поставено Министерството за финансии. Сега е објавен втор оглас кој е објавен обваа недела, вели градоначалникот.detska bolnica


Зошто пропаднал првиот оглас градоначалникот не можеше да каже, но тој тврди дека за тоа не била во прашање цената која била понудена.


Ние досега не добивме никакво известување дека цената била причина за пропаѓањето на огласот, вели Бакрачески.


Градоначалникот оптимистички најавува дека во наредните две три години ќе се реализира овој комплексен проект и ќе се создадат објективни услови за развој на здравствен туризам во Охрид.

{loadposition content9}