Skip to main content

Децата стануваат се посиромашни за литература која е наменета токму за нив

 Се помал број автори пишуваат детска литература. Хрватска, Србија и Бугарија треба да ни бидат пример како да се негува и вложува во детската литература.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

Во Македонија се помал е бројот на автори кои пишуваат детска литература. Еден од нив е охриѓанецот Тоде Илиевски кој досега има објавено четири книги за деца. Овој специфичен вид на литература се повеќе изумира, вели Илиевски. Тој објаснува дека крајно време е сериозно да се размислува за нејзината судбина бидејќи речиси никој од писателите од помладата генерација не се нафаќа да пишува детска литература.knigi

Детската литература е посебен вид литература бидејќи стилот на кој таа е напишана треба да биде лесен и разбирлив, достапен до најмладата читателска публика. Во основните училишта задолжителните лектири се поретко се од домашни автори, вели Илиевски. Тој додава дека треба да се изгради еден вредносен систем за литература за деца во светот, но и за домашната литература. Таквата база на податоци ќе биде основа за учениците во основното образование, објаснува писателот.

Илиевски вели дека Хрватска, Србија и Бугарија треба да ни бидат пример како да се негува и вложува во детската литература. Инаку, денес е светскиот ден на детската литература.

{loadposition content9}