Детска претстава Очи во очи со земјотресот
„Очи во очи со земјотресот“ е насловот на едукативниот настан организиран од вработените во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во соработка со Вера Зороска, предметен наставник по физика, наменет и претставен пред основците од охридско-струшкиот регион.
Непредвидливоста на земјотресот како појава од секогаш претсавувала интерес кај луѓето, а едукативната дејност на Сизмичката опсерваторија во соработка со основното училиште „Христо Узунов“ овозможи да се изработи претстава „Очи во очи со земјотресот“ во која глумат вработени во опсеравторијата и десеттина дечиња од училиштето.Културно едукативната претстава што вчеравечер беше прикажана пред публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“, е составена од два дела, замислена како час по физика за вселената пропратен со симулација на земјотрес и силен звук и посета на замислена сеизмолошка опсерваторија.
Овој перформанс претставува адекватен начин за доближување на поимот и феноменот земјотрес на најмладите и тоа на еден разигран детски начин вели Проф. Д-р Драгана Черних раководителка на Сеизмолошката опсерваторија.
„Соодветната едукација од најмала возраст придонесува за подобро разбирање на самата појава. Секако земјотресот е страшен и нормално е луѓето да се плашат, меѓутоа треба да ги знаат последиците од земјотресите и како да се заштитат. Ова беше воглавно во таа насока да им се приближи појавата земјотрес, како се случува, зошто се случува и што треба да прават, еве претставата беше за учениците од основните училишта, значи што треба да прават во случај на земјотрес.“, истакнува Проф. Д-р Драгана Черних раководителка на Сеизмолошката опсерваторија.
Идејата за создавање на настан со ваква тематика беше родена на меѓународна конференција во содејство со колеги од различни професии, а целиот настан има афирмативен карактер вели Иницијаторката на настанот Вера Зороска предметен наставник во ОУ Христо Узунов- Охрид.
„Да се афирмира и самото училиште градот а исто така и науката. Навистина да се организира ваков настант бара вклученост на повеќе институции, а децата беа навистина возбудени и учествуваа активно не само во делот на претставата имаше ученици кои беа вклучени во редот на самата сала.“, кажа Вера Зороска предметен наставник во ОУ „Христо Узунов“- Охрид.
Намерата е оваа кампања да продолжи и во други училишта. Напорите за приближувањето на поимот земјотрес до најмладата популација и запознавање со мерките за заштита започнува од Охрид како град кој припраѓа на епицентрално подрачје коешто има богата сеизмичка активност за што сведочи историјата. Охрид бил зафатен од силни земјотреси од 527 година и 1911 година на југот на Охридското езеро надополнети со свежите сеќавања на неколку месечната сеизмичка активност од 2017 година.