Сите првачиња на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе имаат можност да се дел од овогодинешната Охрид трчаТ Детската трка која ќе се одржи утре, 14ти мај, со почеток во 10ч и 30 минути, на градскиот стадион “Билјанини Извори”. Ова е неформална трка каде сите учесници – првачиња, ќе истрачаат 100 метри, поделени во групи. На оваа трка сите се победници, како што и треба кога станува збор за дечиња од 6 години, велат организаторите. Додаваат дека учеството на трката е секако бесплатно, а за сите учесници Атлетскиот Клуб Охрид трчаТ обезбедува маица, медал и секако подароци од партнерите. Оваа година покрај традиционалните поддржувачи на Детската трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, во поддршката се вклучуваат и општествено одговорни компании.
Организаторите велат дека особено задоволство им претсавува организирањето на еден ваков преубав спортско-детски настан на кој ќе се промовира спортот, дружењето, здравата животна средина, здравиот начин на живот и секако градењето на повисока свест за спортување.