Skip to main content

Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна

Детската градинка „Јасна Ристеска“ има потреба од уште една кујна.

 |  Валентина Неловска  | 
градинка
градинка

 

Детската градинка Јасна Ристеска има потреба од работа  на уште една кујна.. Зголемениот број на згрижени деца во установите  наметнува потреба и од поголем капацитет на кујната каде што се приготвува храна за децата.  Храната за 878 деца во сите објекти на детската градинка се подготвува во кујната на централната градинка и се дистрибуира во останатите клонови иако има кујни и во Лихнида и Росица. Со години не било вложувано во обнова на техничката опременост на кујните и сега тоа почнува да се чуствува , кажува вршителот на должност директор  Роза Костоска.   
JR
 „ Се досега што се расипувало од апаратрите во централната се носело од кујните од двете градинки па сега недостигаат апарати  и  бела техника таму. Станува збор за бела техника како онаа хотелската, а треба да се запазат и стандардите по Хасап тоа е уште една ивестиција која што претстои во иднина за да се опреми една кујна , и да ја  поделиме работата во две кујни, а тоа ќе значи и нов персонал за во кујна“.   

Засега ќе мора да се снаоѓаме со капациетот и персоналот кој што го имаме на располагање , напоменува Костоска.

„ Имаше можност персоналот да го поделиме во два објекти и да се подели работата, но проблем е опремата. Опремата е префрлена во централната градинка. Таму се останати расипани апарати нема соодветни фрижидери и шпорети. До јануари персоналот во кујната ќе мора да се ангажира повеќе.“

Веќе од идната година, раководството на градинката ќе прави напори да се издвојат пари за техничка обнова на постоечките кујни и опрема на уште една нова. За оваа година нити Локалната самоуправа нити државата немаат пари за вложување во кујните во градинката „Јасна Ристеска.

{loadposition content9}