Skip to main content

Детската градинка„ Јасна Ристеска“ ќе го проширува капацитетот

Детската  градинка „Јасна Ристеска“ ќе го проширува капацитетот .

 |  Валентина Неловска  | 
detska gradinka
detska gradinka

Детската градинка „Јасна Ристеска“  ќе го проширува капацитетот со  неколку нови занимални. Се планира отварање на нови групи во  населбата Радојца Новичиќ и во Пештани со прифаќање од 18 до 25 деца од 3 до 6 годишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката ќе биде во основните училишта Кочо Рацин и Св. Наум Охридски, како и во простории кои досега не биле користени во објектите Развигорче и Лихнида. Интересот на родителите децата да бидат згрижени во градинка  и оваа година е многу голем, информира директорката на градинката Роза Костоска. Додава дека  постојано бараат заедно со Локалната самоуправа начини да се задоволат потребите на родителите. Просториите во едниот објект ќе го опреми Уницеф, а другите занимални со донации од општествено одговорни фирми.     
gradinka
„ Беше Комисија од Уницеф со Тлер и секторот за образование ги посетија просториите . Најсоодветниот просотр во Радојца Новичиќ ќе се адаптира со средства од Уницеф. Во Пештани пак со сопствени средства  или со донации на општетсвено одговорни фирми ќе ги опремиме просториите и ќе овозможиме пристап во предучилишните институции за што повеќе деца“, рече Костеска.

Со отварањето на нови групи ќе се потребни и нови 6 вработувања, појаснува Костоска. Зависи дали ќе се отворат центри за ран детски развој,  во кој децата ќе бидат прифатени 2-3 часа дневно, или пак ќе  преминат во градинки. Директорката кажува дека во моментов  16 вработени добиле решенија за вработување со што е намелен бројот на договори на дело. Паралено со просторниот проблем се работи и на решавање на кадровскиот, посочува Костеска.

detska gradinka
„Останатите луѓе што беа ангажирани со отварањето на нови групи тоа предивика уште 15 -тина нови вработување, значеше ангжирање преку Агенција  за времени вработувања, подоцна  имаше прекин. На почеток на 2014 година се формира тендер луѓето кај да е овие денови би треба да бидат примени преку Агенцијата за времени вработувања, околу 25 нови вработувања. Имаше некои проблеми преку Агенцијата од Скопје , но со напори на Локалната самоуправа се надминаа проблемите  и за брзо време ќе биде решен овој проблем.“ 

Потребата од изградба на нов објект и растеретување на сегашните групи и понатка е во интерес на градинката и градот , нагласува Костеска . Градинката, ресорното министертво и локалната самоуправа веќе се скенирани  слободни локации за градба на нов објект и сеиспратени  маркици за градење до миндитртсвото за труд и социјална политика. Очекуваат наскоро да добијат одговор каде може да се гради, укажува Костеска.

Во моментов  во градинките се згрижени 850 деца , а интересот за упис на нови дечиња е голем. На листата на чекање се 50 деца за згрижување во малата група, потенцира директорката Роза Костеска.

{loadposition content9}