Skip to main content

Охрид трчат

Детски атлетски камп 2022

Проектот „Охрид трчаТ Детски атлетски камп 2022“ добитник на грант од Western Balkans Fund, ко-финансиран од Европската унија.
 |  инфодеск  | 
Сертификат Охрид трчат

80 деца од четири држави, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина ќе учествуваат на „Охрид ТрчаТ Детски Атлетски Камп 2022“.
Проектот е на АК “Охрид Трчат“ и ќе се реализира ова лето од 19-26 јуни.
Атлетскиот клуб со проектот аплицираше до Фондот за Западен Балкан и беше избран како еден од најдобрите од над 200 пристигнити апликации. WBF –Фонд за Западен Балкан е грантова шема кофинансирана од ЕУ која промовира соработка базирана на добрососедски односи.


Создаваме нова Охридска традиција! – велат од АК Охрид Трчат.

Ние како клуб АК „Охрид трчаТ“ сме лидери во проектот „Охрид трчаТ Детски атлетски камп“, а реализацијата е заедничка со уште 4 партнери од 4 држави и тоа АК „Хајдук Кула“ Србија, „Кинезис“ Мостар Босна и Херцеговина, АК „Работнички“ Скопје Македонија и „Треил Албанија“ од Тирана Албанија. Со проектот започнуваме нова спортска охридска традиција која во првата година ќе има повеќе од 80 деца како учесници – изјави за ТВМ, Иван Цветкоски.

Сертификат Охрид трчат

30 добитници на  на 4-тиот Повик за предлог проекти на Фондот за западен Балкан, а прв кој е кофинансиран од Европската Унија, ги добија наградите на свечена церемонија која се одржа синоќа во Тирана. Наградите  беа  доделени од страна на  истакнати гости, министри, амбасадори, претставници на Европската унија, членови на Управното тело на WBF и партнерите.

Сертификат Охрид трчат

Победничките проекти се насочени кон водечките прашања, како што се зелената и дигиталната економија, човековите права, половата еднаквост, образованието, истражувањето, културната соработка итн.

Фондот за Западен Балкан е меѓународна организација формирана во 2017 година од министерствата за надворешни работи на земјите во регионот на Западен Балкан.