Skip to main content

Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно пред најмладите охриѓанчиња

Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекцијата е закажана за четврток со почеток во 18 часот.

 |   | 

Детскиот филм „Брат ми брка диносауруси“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекцијата е закажана за четврток со почеток во 18 часот.

„Брат ми брка диносауруси“ е најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол. Станува збор за италијанска продукција во режија на Стефано Ципани, а во филмот игра и шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар.

Во него главен лик е Џек, кој отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра. Но кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.

Дистрибутер на филмот е „Катавеј“, а дистрибуцијата е помогната од ANICA, италијанското здружение кое ги претставува италијанската филмска и аудиовизуелна мултимедијална индустрија.

Картите по цена од 100 денари во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!