Девет години Акцијашки клуб „Брег на младоста“
Со пригодна свеченост, Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, денеска ќе прослави 9 години од неговото формирање.
| | Охрид
Со пригодна свеченост, Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, денеска ќе прослави 9 години од неговото формирање.
„На свеченоста, покрај членовите на АК „Брег на младоста“, ќе присуствуваат и градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, д-р Константин Георгиевски и Зоран Ногачески како и нашиот голем поддржувач од Белград, Србија, г-динот Јошка Броз“, информираат од „Брег на младоста“.
Свеченото отворање е вечерва во 19:00 часот во новите простории на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, на булевар „Туристичка“, во зградата на Градскиот пазар во Охрид.