Skip to main content

Девет години се бара правда за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид

Девет години мајката на убиеното момче Димитар Матилоски, на Новогодишната ноќ во Охрид чека правда. Убиецот – српскиот турист Бојан Угреновиќ, осуден на 16 години затворска казна е на слобода, осум години недостапен за органите на прогонот.
 |  инфодеск  | 

Девет години по убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот- српскиот турист Бојан Угреновиќ од Кралјево  е на слобода.

Мајката на момчето кое беше претепано на смрт, пред кафуле на Новогодишната ноќ се уште чека  правда.  Таа, обвинува за низа пропусти во судскиот процес, поради што  измина законскиот рок за притвор, па така убиецот  осуден на 16 години затвор исчезна.

– Замислете како една мајка се чувствува како и после девет години е да не е пронајден убиецот на нејзиниот син. Барам од државата да го пронајде убиецот Бојан Угреновиќ. Да се преиспитаат  сите кои учествуваа и кој го пуштија убиецот на слобода, вели Драгица Матилоска мајка на убиениот Димитар Маилоски.

Со скршено срце и неизмерна тага, пензионираната учителка ја подготви петтата  книга „Мојот живот после изгубен живот”,  вели додека е жива не се откажува од правдата.

– Оваа моја петта книга ја посветувам  на другарите на Димитар Матилоски, отидоа во Белград да го поддржуваат Јован Пеплко кој успеа по белградските улици со ликот на маицата на мојот син да го истрча белградскиот маратон, додава Матилоска.

Книгата во која мајката Драгица, ја соголува својата душа и отворено раскажува за болката и тагата по синот,  ќе се продава во библиотеката во ОУ Григор Прличев, по симболична цена од 200 денари.

-Парите и од оваа моја петта книга имаат хуманитарна цел, ќе бидат наменети за деца ученици од социјален ризик за покривање на трошоци за училишни екскурзии, вели Матилоска.

Димитар Матилоски беше претепан на смрт на Новогодишната прослава во Охридво 2016 година , убиецот  во јули 2017 година беше пуштен да се брани од слобода, од тогаше  е недостапен за органите на прогонот.

Новинар Соња Рилковска