Skip to main content

Девојка од Белгија и малолетник од Скопје нападнати во два одвоени инциденти во ноќни клубови во Охрид

По расчистување на настаните против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 
Policija ugostitelski objekti

Полицијата во Охрид лишила од слобода две лица по пријава за физички напад врз малолетник во ноќен клуб и на бензинска станица.

На 31.07.2026 во 03:20 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода две лица од Скопје на возраст од 20 и 18 години, постапувајќи по претходна пријава дека во ноќен клуб на булеварот, а потоа и на бензинска станица, физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет.

Физичкиот напад врз малолетникот во СВР Охрид бил пријавен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи. По консултации со јавен обвинител, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 30.07.2026 во 23:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека во ноќен клуб во комплексот „Инекс“, едно лице физички нападнало 24-годишна државјанка на Белгија. Се работи на расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.