Skip to main content

Дезинфекцијата на јавниот превоз делумно се почитува

Повеќето автобуски и комби превозници ги дезинфицирале возилата со кои превезуваат патници, но некои одбиваат да го направат тоа, велат од Центарот за јавно здравје. Такси компаниите сеуште не се обратиле во центарот за да им се направи дезинфекција на возилата.

 |  Валентина Неловска  | 

Дополнителната законска обрска за заштита од заразни болести за дезинфекција на јавниот превоз досега ја испочитувале поголемиот дел од автобуските и комби превозници кои вршат линиски и меѓуградски превоз. Меѓу одговорните компании кои го испочитувале Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа покажале и грижа за здравјето на нивните корисници и вработени се Ад „Галеб, Пупе компани, Експрес Димакс, Дебрца Експерес, Бале турс, информира Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје.

Службите на Центарот се единствената јавна здравствена установа која е надлежна за вршење на дезинфекција на јавниот превоз. Точков додава дека засега само копманијата Класик одбила да ги користи нивните услуги за дезинфекција на возилата со кои превезува патници на меѓулиниски превоз, а дезинфекција не побарале ни сопствениците на охридските такси компании. Точков појаснува дека за тоа ќе ги инфомира Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Подвлекува дека јавните превозници и досега не ја почитувале законската обврска која налага на секои 6 месеци да се дезинфицираат превозните средства.

„ Не можам да кажаме дека го почитуваат. Имавме со еден превозник пред неколку години таква активност, но тоа се случи тогаш. Не е редовно како што треба. Превозниците не се обратиле и не побарале таква услуга“.

Во вакви случаи, на потег се Државниот санитарен и здравствен инспекторат и фондот за комунални дејности, сообраќај и улици да ја контролираат законската обврска дали јавните превозници автобуси, комби и такси превозници ги почитувале законските обврски за дезинфекција на возилата според Законот за заштита на населението од заразни болести.
Фондот за комунални дејности, во делот за сообраќај и организирање на линиски превоз треба од превозниците да бара доставување на потврда од јавната установа како доказ дека направиле дезинфекција на возилата.