Skip to main content

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЧЕЛАРИТЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денеска ќе се врши дезинсекција против комарци од Подмоље до Св. Наум

Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток  до 06 часот во петок.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Денеска ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток  до 06 часот во петок.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – апелираат од Општина Охрид.Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.