Skip to main content

Дезинсекција против комарци утре во Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, во петок, на 27-ми август ќе се изврши теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците.

 |   | 
дезинсекција

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на реката Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден – информираат од Општина Дебрца.

Граѓаните можат да добијат дополнителни информации на телефоните за контакт во Центарот за јавно здравје во Охрид: 046/231-881 и 046/230-231.