Skip to main content

Информација до здружение на пчелари

Дезинсекција против комарци во Охрид и околината

Дезинсекција ќе се врши по Охридското крајбрежјето од с. Подмолје до Св. Наум, територијата на град Охрид, река Грашница, Коселска Река.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден  11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од Општина Охрид.