Skip to main content

Иновативен систем

Дигитален паметен споменик на Григор Прличев

Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.
 |  инфодеск  | 
Дигитален паметен споменик

Охрид доби дигитален паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за охриѓани и посетителите.

Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.

Дигитален паметен споменик

Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението покрај останатото вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.

Пецаков Сефиданис

Преку технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик со ликот на Прличев може да се комуницира пришто гласот на поетот го позајмува актерот Стрезо Стаматовски. За виртуелниот модел на ликот биле користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид.

Во целокупната реализација учествувал голем тим на лица од разни области под водство на Проф. д-р Анис Сефиданис а целата технологија се развивала на Суперкомпјутерот кој се наоѓа во лабораториите на Сефиданис.

Снимањето на аудио материјалот го реализирал Сашо Митан со тимот на Супер радио. За охридскиот дијалект помогнале Владо и Филип Ангеличин Жура. На машинската конструкција работеле мешинските инженери Томе Скендероски и Џезо Сефиданоски, а на автоматиката магистрантот по роботика Павел Тасков. За разработка на концептот материјали биле црпени од грдската библиотека со поддршка на директорот Милчо Јованоски. Тродимензионалниот лик на Прличев го разработил магистрантот од Универзитетот во Марибор, охриѓанецот Александар Илиевски, а анимациите студентот од Универзитетот Св Апостол Павле, Шабан Брзев. Посебните алгоритми за препознавање на македонски говор, вкучувајќи го и охридскиот дијалект, и целокупната платоформа за интеракција ја работеле Дамјан Петковски, Михаил Анѓелески, студенти на Универзитетот Св. Апостол Павле и Петар Мишов, иден студент. Магдалена Маркоска која го менаџираше проектот, а Ајла Бајрамовска заедно со своите соученици од ОУ Григор Прличев учествуваа во тестирање на споменикот.

Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.

Дигитален паметен споменик

Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место.

Дигитален паметен споменик