Skip to main content

Дигитализација на рендген снимањата во специјалната болница „Св.Еразмо“

Овој позитивен чекор напред, според менаџментот на болницата е во насока на подобрување на квалитетот и брзината на услугите кои ги пружат на пациентите. За скоро време, болницата ќе го добие и долгоочекуваниот компјутерски томограф.

 |  Мишел Наумоски  | 
rendgen
рендген

Нема веќе класично развивање на филмови и аналогни снимки во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид. Тие во моментов се во фаза на целосна дигитализација на рендген снимањата што според менаџментот на болницата ќе значи скратување на времето на дијагностицирање на пациентот. Процесот на дигитално снимање во истиот момент на снимањето испраќа слика од состојбата на пациентот во амбулантата и докторот веднаш може да постави дијагноза и да направи извештај.

digitalen rendgen Kosna„Почнавме ние со дигитализација на рендген снимањата. Ветено ни е од Министерството за здравство за да добиеме и нов, уште еден дигитален рендген апарат. Имаме еден што го дигитализиравме, а треба да добиеме и еден чисто дигитален апарат за да се подобри брзината во давањето на овие болнички услуги. Додека за магнетната резонанца, во рамките на реконструирањето што треба да настапи, тоа ќе оди постепено, не можам да ви кажам точно кога, како, заради тоа што тие имаат информации дека работиме како ендопротетика и таа магнетна резонанца ни е потребна за тие снимања и за коленската проблематика што треба да ја обавуваме.“-вели д-р Митко Тилев, директор на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“-Охрид.

64 slajsen kompjuterski tomografД-р Тилев покрај процесот на дигитализација на рендген снимањето го најави и пристигнувањето на долгоочекуваниот и исклучително модерен компјутерски томограф.

„Ние кон крајот на месецов или почетокот на наредниот месец треба да го добиеме толку очекуваниот апарат што ќе е прво за нас потребен за дијагностицирање на случаите што доаѓаат кај нас како и за целиот овој југозападен ретгион и Република Македонија. Тој ќе е 64 слајсен, најсовремен апарат од Џенерал Електрик што многу ќе придонесе за раната и брза дијагностика и подобрување на услугите што ги даваме. Точни податоци да ви кажам не знам, но за десетина дена до две недели треба да го добиеме. Имаме такви информации од добавувачот. Треба да се испорача.“-рече тој.

Д-р Тилев вели дека моменталниот обрт на околу 3800 пациенти годишно кои се лекуваат болнички, како и 45те илјади амбулантни интервенции во голема мера ќе се зголемат кога ќе пристигне целокупната опрема. Поради тоа најави дека во рамки на реконструкцијата на болницата поради префрлањето на дел од Заводот за кардиолошки заболувања во нивните простории, ќе бидат направени и три нови хируршки ортопедски сали за да се прифати растечкиот број на пациенти. Инаку болницата „Св.Еразмо“ веќе година дена функционира без компјутерски томограф бидејќи стариот подолго време е расипан, и не може да се поправи.

{loadposition content9}