Дигитализација во туристичкиот сектор
„Дигитални решенија за туризмот“ е тема на која дискутираа претставници од Информатичката технологија и угостителскиот сектор за нејзините придобивки и предности. Дигитализацијата овоможува подобри резултати во работата. Новите технолгии им наметнуваат на корисниците потреба од користење на дигиталните алатки, нагласува проф.д-р Цветко Андреески, од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Професор Андреески напоменува дека во туризмот се дигитализирани културното наследство, угостителските услуги, сместувањето. Според него, недостасува обработката на дневни податоци. Информатичката технологија се развива многу брзо, а со побрзото вклучување на сите чинители во туризмот ќе им донесе и подобри резултати.
„Се она што може да го искористат за подобрување и позиционирање од својата конкуренција. Но, и да имаат подобри комуникации со клиентите, туристичките оператори, со сите страни кои работат во туризмот. Да понудат поквалитетни и поефикасни услуги. Од друга страна, од податоците кои ќе ги добијат од дигатализацијата може да направат квалитетна анализа каде се наоѓаат и што може да направат во иднина за ги подобрат своите услуги“, вели проф. д-р Андреески.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, напоменуваат дека од минатата година имаат Е-visitors платформа за побрзо пребарување и анализа на податоци. Применуваат дигитализација во туристичкиот сектор од пред неколку години , како што се он лине рекламирање на Македонија како туриситичка дестинација на светски портали и на социјалните мрежи. Работат на нови алатки за промоција на граѓаните со попреченост, но и други целни групи.
„Дигитализацијата оди на поразлично ниво. Во соработка со ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција ќе работиме апликации за адреналински содржини како туристичка понуда за да привлечеме поголем број на туристи.Ќе имаме напредни дигитални алатки со кои кои ќе можеме да препознаеме одредени потреби и трендови во туристичкиот сектор“, подвлекува Љупчо Јаневски, директорот на АППТ.
Швајцарија ги поддржува процесите на дигитализацијата на Македонскиот туризам. Промовирањето на одржливиот авантуристички туризам ќе е насоката во иднина, вели Лусиен Аегертер,заменик амбасадор на Швајцарската амбасада во земјава.
„Дигитализацијата е критична за да се добијат високо квалитетни туристи. Многу е направено во Македонија во процесот на дигиталаиција. Но, за некои услуги сеуште е тешко да се направи резервација од странство. Затоа е многу битно да се спроведат овие активности меѓу партнерите и дигиталниот сектор“, напоменува заменик амбасадорот Аегертер.
Од Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“ нудат информатички решенија. На сите засегнати страни им овозможуваат вмрежување, како и решенија за развој и подобрување на процесот на дигитализација.