Дигитална информативна табла е поставена во ООУ „Св. Климент Охридски”, истата е направена со маскота која е афтентична за училиштето и избрана од училишната заедница на предлог на ученикот Сара Велјанова.
Покрај информативниот карактер, дигиталната информативна табла воедно ќе биде мотивациска табла на која ќе бидат истакнувани учениците со високи постигнувања на општински, регионални и државни натпреварувања и воедно ќе претставува стимул за сите останати ученици – велат од ООУ „Св. Климент Охридски“.