Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018
Потребно е формирање на Министерство за иселеништво затоа што процесот на иселување од Македонија кој започна на почетокот на минатиот век нема да запре, сметаат универзитетски професори. Засега во владата ќе се формира меѓуресорна група на министерствата за надворешни и внатрешни работи за прашањата поврзани со потребите на иселениците. Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018 година“ која се одржува во Охрид.
“Дијаспора, транснационализам и интер-културни комуникации како нови форми на социјален капитал”, тема на шестата меѓународна конференција „Охрид – Водици 2018“. Конференцијата ја отвори министерот во Владата на Р. Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Тој истакна дека еден од посериозните проблеми со кои се соочува дијаспората е долгата процедура при издавањето на документи.
„Точно заради тоа на последната седница на Владата, Владата донесе одлука каде што се формира интересовска група меѓу Министерството за надводреѓни и внатрешни работи и кабинетот мој, со цел подготвување на информација, изноѓање на модели на брзо и ефикасно решавање на овие прашања од аспект на издавањето на документите пред се пасошите и останатите документи од кои имаат потреба нашите иселеници и ќе најдеме модел, процедурите да не траат долго“
Добредојде на Универзитетските професори или творците на научни дела им посака и првиот човек на градот Јован Стојаноски.
„Несомнено е дека во наредните неколку денови ќе имаме една плодна и успешан работа и се разбира дека на крајот по согледувањето на вашите научни ставови најтопло ве замолувам да ги добиеме во форма на заклучоци, вашите ставови, разгледувања, најнови научни сознанија, кои заклучоци ќе претставуваат основа во креирање на стратегиите на општина Охрид“
Македонија е типично иселеничка земја предочува проф. Зоран Матески од филозофскиот факултет, Скопје. Таа интенција започната кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на 20 тиот век на запира, додава тој. Според проф. Матески Економскиот аспект во најголем процент е причина за иселување, и смета дека само со отворање на Министерство за иселеништво може да се направи нешто за надминување на проблемот.
„Заедно со Владата Министерствот за финансии да направите клима да можат да се вратат парите. Тоа е клучот. Луѓето не можете да очекувате да се вратат посебно не втората трета и четврта генерација. Тие во принцип се враќаат еден дел до нив за да умрат во Македонија откако ќе остварат пензија. Така да единствен начин да ви се вратат заедно со парите е да ги вратите и луѓето, друго нема меѓутоа тоа треба да го направите иселеништвото да биде дел од Владата на Р Македонија“.
Научната фела секоја година на меѓународната конференција за Водици, дава придонес со своите трудови на интересни а пред се актуелни теми посветени на промоција на културното наследство, локално економскиот развој и медиумите вели проф. д-р Рубин Земон од Универзитетот Евро – Балкан, Скопје.
„Прво ги идентификуваме проблемите, феномените и на тоа секој од својот научен агол даваме предлози решенија а потоа другите носат одлуки. Ние само го даваме широкиот спектар на проблемите и решенијата што ги предлагаме како научници“
Организатор на конференцијата е Универзитетот Евро-Балкан од Скопје во соработка со Институтот за Социо-Културолошка Антропологија на Македонија од Скопје, МИРАС, Социјална Организација за Поддршка на Изучување на Културно наследство од Баку, Азербејџан и Селчук Универзиетот од Конја, Турција. Пред почетокот на конференцијата во „Куќата на Робевци“ беше отворена изложба на ракотворби и предмети од традицијата на Турција, што ја донесоа и поставија учесниците на конфернцијата од Универзитетот Селџук, од Конија, Турцијa.