Skip to main content

Димче Коруноски е добитник на сребрен медал на Меѓународна изложба во Котор

Ова е втора Меѓународна награда за охридскиот фотограф аматер во оваа година.  Охрид има бројни  талетирани аматери фотографи кои се интересираат за уметничката фотографија, но клубот  мака мачи со години за да добие соодветен простор за работа, вели Коруноски претседател на ФК Охрид.  

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот фотограф, аматер Димче Коруноски успешно ја завршува оваа година . Тој во низата меѓународни награди се закити со сребрен медал од Меѓународниот конкурс во Котор. Сребрениот медал го доби од жирито на тема „Патувања“, вели скромно Коруноски претседател на ФК Охрид.

Во 2019 добив две награди на Меѓународни изложби во Котор , сребрен медал за фотографија на тема „Патувања“ и пофалница на Меѓународна изложба во Скопје од жирито на тема „Луѓе“. Бројни се наградите и пофалниците од меѓународните изложби каде што учествувам, не само јас туку и останатите членови на клубот. Лани добив златен медал во Минск, Белорусија , од Фотографската асоцијација на Америка“, вели скромно Коруноски.


Претседателот на фото клубот, Коруноски , напоменува дека Охрид има исклучително талентирани фотографи аматери, а интерес за членување во нивниот клуб има постојано.Но, имаат сериозен проблем со простор за работа на клубот.

Единствен проблем е просторија за собирање . 21 година се мачиме никако да обезбедиме просторија каде што ќе се дружиме, ќе работиме и ќе ги пренесуваме своите знаење на помладите “, вели Коруноски.

Во моментов, охриѓани и љубителите на уметничката фотографија може да ги погледнат прекрасните слики кои беа дел од традиционалната изложба за „Св. Климент Охридски“, патронот на градот 7 декември, на која зедоа учество 12 фотографи аматери од ФК Охрид.

Инаку, во ФК членуваат 20- тина аматери со уметнички усет за регистрирање на околината и луѓето и создавање на уметнички фотографии.